Sayed Khodaberdi Sadat
14 Октомври 2018•Ажурирај: 15 Октомври 2018
КАБУЛ (АА) - Во авганистанската провинција Логар експлодираше бомба за време на свадба. Во несреќата животот го загубија 4 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата на провинцијата Логар информираше дека во местото Мухамед Ага, во објект во кој се одржувала свадба, експлодирала подметната бомба.
Тој истакна дека од експлозијата животот го загубиле 4 лица, а 7-мина се ранети.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.