Ekip
23 Ноември 2018•Ажурирај: 24 Ноември 2018
БЕРЛИН (AA) – Официјалните податоци покажуваат дека во Германија во последните пет години повеќе од 1,8 милиони луѓе поднеле барање за азил, пренесува Anadolu Agency (AA).
Податоците, кои прв пат ги објави германскиот дневен весник „Билд“, покажуваат сериозен раст на барањата за азил од 123.581 во 2013 на 723.938 во 2015 година.
Во одговорот на прашањето на пратениците од опозициската Слободна демократска партија, Владата на Германија рече дека речиси третина азиланти, односно околу 573.000 се од Сирија.
На второ и трето место по поднесени барања за азил од 2013 година се државјаните од Авганистан (203.000) и Ирак (176.000).
Хорст Сехофер, министер за внатрешни работи на Германија, неодамна изјави дека сириските азиланти кои се осудени за кривични дела, моментално не се депортирани во својата земја, како што бараат некои германски политичари.