Mehmet Toktaş
23 Ноември 2018•Ажурирај: 25 Ноември 2018
ХАТАЈ (АА) - Четиринаесетгодишната Сиријка E.Х.Ј., ранета во Идлиб, по година и пол одвоеност, повторно е со семејството во Хатај, јавува Anadolu Agency (AA).
Девојчето е лекувано во Турција, а овие денови ѝ е исполнета желбата повторно да биде со своето семејство.
Средбата на граничниот премин „Јајладаги“ во Хатај ја организираше турското Министерство за труд, социјална политика и семејство, Кабинетот на гувернерот на Хатај и турската Црвена полумесечина.
Девојчето е рането во експлозија во сириски Идлиб. Во Турција имаше неколку операции. По 1,5 година лекување и одделеност од семејството, конечно повторно ги виде.
Среќата не ја криеше ниту сириското семејство, а ниту официјалните претставници кои помогнаа ова семејство да се обедини повторно.
„Тешко бев ранета во експлозијата на бомбата, која беше поставена во близина на нашата куќа во Идлиб. Ме префрлија во Турција на лекување. Бев на лекување и сега сум добро. Моето семејство тогаш остана во Сирија и долго немав никакви вести за нив“, раскажа 14-годишната E.Х.Ј.
Откако оздраве побара начин да го најде и да се врати на семејството во Сирија.
„Околу 1,5 година не видов никого од моето семејство. Сега сум многу среќна“, порача E.Х.Ј.