Said İbicioğlu
24 Октомври 2021•Ажурирај: 25 Октомври 2021
ГАЗА (АА)
- Мухамед Ебу Девн
Палестинката Ханан Хамад, која живее во Бејт Ханон на северот од Газа, што е под израелска блокада, со продажба на зашеќерени јаболка обезбедува егзистенција на своето 13-члено семејство.
Палестинското семејство Хамад има 11 деца, од кои пет се лица со инвалидитет. Поради лошите економски услови во Газа, таткото е невработен.
На 50-годишната мајка Ханан Хамад ѝ останува да го издржува семејството.
Палестинката пред 5 години со своите деца започнала бизнис со зашеќерени јаболка, познати како „jantar“.
Хамад рече дека една од ќерките ѝ помага во подготовката на зашеќерените јаболка, а со синовите ги продава на улиците.
„Немаме никаков друг приход освен она што го заработуваме од продавањето на благото. Шеќерните јаболка посебно ги сакаат децата, бидејќи се убаво обликувани“, раскажа Хамад.
Таа објасни дека прво купуваат јаболка на пазар, ги мијат и ги сушат.
„Потоа почнувам со подготовката на сирупот со јаболката на шпоретот со помош на шеќер и црвена боја, а потоа за секое јаболко подготвувам дрвено стапче“, рече Хамад.
Наведувајќи дека во најдобар случај заработува 10 долари дневно, Хамад истакна дека таа сума не е доволна за да ги подмири сите потреби на семејството, но дека задоволува некои основни потреби, како што се лекарства, леб и храна.
Во Појасот Газа, каде што живеат околу 2 милиони Палестинци, народот има сериозни финансиски потешкотии поради израелската блокада што трае речиси 15 години.