свет

Папата: „Не ги враќајте мигрантите во Либија и во нехуманите кампови“

- Папата Франциск ја повика меѓународната заедница да пронајде конкретни начини за управување со миграциските текови на Медитеранот

Associated Press  | 24.10.2021 - Обновена : 26.10.2021
Папата: „Не ги враќајте мигрантите во Либија и во нехуманите кампови“

ВАТИКАН (АА) - Папата Франциск денес повика да се прекине со практиката за враќање на мигрантите, спасени на море, во Либија и во други несигурни земји, каде што трпат „нехумано насилство“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ја повика и меѓународната заедница да пронајде конкретни одговори за начинот на управување со миграциските текови на Медитеранот.

Во обраќањето на плоштадот „Свети Петар“, папата Франциск изрази блискост и солидарност со илјадници мигранти, бегалци и останати на кои им е потребна заштита во Либија.

„Толку се овие мажи, жени и деца изложени на нехумано насилство. Уште еднаш барам од меѓународната заедница да ги одржи ветувањата за потрага на заеднички решенија кои се конкретни и трајни за управување со миграциските текови во Либија и на целиот Медитеран“, рече папата Франциск.

Тој рече дека смета дека мора да се престане со практиката за враќањето на мигрантите во несигурни земји и да се даде приоритет на спасувањето на животите на море.

Италија и Малта се најдоа под критиките на заговорниците за човекови права поради тоа што ги оставиле мигрантите на преполни спасувачки чамци пред да им дадат сигурно пристаниште.

Претставници на агенциите на ОН за бегалци и организациите за човековите права долго ги осудуваа условите на центрите за притвор на мигранти во Либија, наведувајќи дека таму се случуваат претепувања, силувања и други облици на мачење.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.