Burak Karacaoğlu,Mohamad Misto,Dildar Baykan
09 Февруари 2018•Ажурирај: 09 Февруари 2018
ИСТОЧНА ГУТА/ИДЛИБ (АА) - Бројот на загинатите цивили во воздушните напади на силите на сирискиот режим во Источна Гута денес се искачи на 75, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападите на режимските сили траеја од раните утрински часови, а од Цивилната заштита потврдија дека меѓу настраданите лица се наоѓаат и деца.
Екипите на терен напорно работат на извлекување на цивилите под урнатините и постои загриженост дека бројот на мртвите не е конечен.
Во нападите на силите на Асад во Источна Гута во текот на претходните 42 дена загинаа најмалку 503 цивили, додека се ранети речиси 2.000 лица.
На состанокот во Астана, одржан минатата година, договорено е Источна Гута да биде прогласена за зона без судири.
Меѓутоа, припадниците на режимот на Асад, чиј гарантер е Русија, од април минатата година применуваат интензивирана опсада, а во последните неколку месеци се зајакнати и нападите.
Во Источна Гута живеат околу 400.000 цивили, а половина од нив се деца.