Kasım İleri
09 Февруари 2018•Ажурирај: 09 Февруари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот министер за одбрана, Џим Матис, изјави дека наредната недела ќе се состане со турскиот министер за одбрана, Нуретин Џаникли, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето на прес-конференцијата во Пентагон, Матис истакна дека Турција и понатаму врши притисок во поглед на Мунбиџ.
„Ништо не се менуваше за прашањето на притисокот на Турција околу Мунбиџ. Загрижени сме поради она што го слушаме од Анкара, но нашата цел е да извршиме притисок на ДЕАШ и да ја продолжиме акцијата против оваа терористичка организација. Загрижени сме дека вниманието од ДЕАШ би можело да биде пренасочено“, изјави Матис.
Тој нагласи дека и Турција чувствува оправдана загриженост, додавајќи дека и понатаму соработуваат со Анкара на политички и на воен план.
„Турција е партнер во рамките на НАТО. Таа е единствена земја членка на НАТО во рамките на чии граници постои судир со ПКК кој е прогласен за терористичка организација. За тоа прашање соработуваме со Турција. Тие чувствуваат оправдана загриженост не само за прашањето на ПКК, туку дека границата со Сирија би можела да стане воена зона која би ја предизвикал Асад. Ќе продолжиме да соработуваме со Турција од највисок политички до воен врв. На средината од наредната недела во Брисел ќе се состанам и со турскиот министер за одбрана“, рече Матис.