Sayed Khodaberdi Sadat
25 Септември 2018•Ажурирај: 26 Септември 2018
КАБУЛ (АА) - Во првите шест месеци оваа година во воздушните напади во Авганистан загинаа 149 лица, соопшти Мисијата на ОН за помош на Авганистан (UNAMA), јавува Anadolu Agency (AA).
Во истиот период, во воздушните напади се ранети 204 цивили. Во соопштението е изразена загриженост поради тоа што во воздушните напади загинаа поголем број деца и жени.
Се истакнува дека за поголемиот дел од нападите се одговорни странските сили и се потсетува дека во последниот воздушен напад извршен пред три дена на подрачјето на Каписа, загинале девет цивили.
Обединетите нации од 2009 година евидентираат страдања на цивилите во земјата, а последните податоци предизвикуваат загриженост поради големиот број загинати цивили.