Lokman İlhan
26 Март 2019•Ажурирај: 26 Март 2019
БОГОТА (АА) – Владата на Венецуела, повторниот прекин на електрична енергија, којшто го зафати поголемиот дел од земјата и ја остави во темнина, ја оцени како „саботажа“, јавува Anadolu Agency (AA).
Потпретседателот Хорхе Родригез рече дека прекините на електричната енергија во голем дел на главниот град Каракас и во 16 провинции на земјата се резултат на нов напад врз националниот систем за електрична енергија.
„Реализиран е нов напад, со цел да се спречи производството на енергија, особено во хидроцентралата „Симон Боливар“, а исто така нападнат е и националниот дистрибутивен центар на електрична енергија“, соопшти Родригез.
Тој не даде допонителни информации за природата на нападот.
Поради прекините на електричната енергија во голем дел од земјата и во главниот град Каракас има проблеми во комуникациите, а исто така не може да работи ниту метрото.
Во меѓувреме, самопрогласениот привремен претседател и челник на националниот Парламент, Хуан Гваидо, преку социјалните медиуми за прекините на електричната енергија ја обвини Владата.
Тој, укажувајќи дека Владата не е во можност да обезбеди редовна електрична енергија во земјата, рече дека прекинот не е од саботажа, туку од пожарот настанат на линијата за висок напон.