Şerife Çetin
14 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
БРИСЕЛ (АА) - Во Брисел денес ќе биде одржан вонреден состанок на НАТО, а во врска со воената интервенција на САД, Велика Британија и Франција во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација на новинарот на АА ја потврди неименуван официјален претставник на НАТО.
Планирано е за време на состанокот, претставниците на Велика Британија, Франција и САД да ги информираат останатите сојузници за воена интервенција во Сирија.
Како одговор на нападот со хемиско оружје врз Дума на 7 април, САД, Велика Британија и Франција рано утрово бомбардираа повеќе позиции на режимот на Асад во Дамаск и Хомс, а меѓу другото, се работи и за магацини со хемиско оружје.