Vesna Besiç
14 Април 2018•Ажурирај: 15 Април 2018
СОВЕТО (AA) - Голем број граѓани присуствуваа на комеморацијата по повод смртта на Вини Мадикизела-Мандела, поранешната сопруга на Нелсон Мандела и активистка која се бореше против апартхејдот, јавува Anadolu Agency (AA).
Комеморацијата е одржана на стадионот „Орландо“ во Совето. Јужноафриканската полиција го обезбедуваше стадионот и околината.
Вини Мадикизела-Мандела, поранешната сопруга на Нелсон Мандела и активистка која се бореше против апартхејдот, почина на почетокот од овој месец, на 81-годишна возраст.
Виктор Дламини, портпаролот на семејството Мандела, изјави дека Мадикизела-Мандела починала по долга болест, поради која од почетокот на оваа година често престојувала во болница.
Вини Мадикизела-Мандела беше еден од најголемите симболи на борбата против апартхејдот во Јужноафриканската Република.
Поради отпорот на апартхејдот во оваа земја, неколкупати завршувала во затвор. Родена е во градот Бизани, а во Јоханезбург се преселила за да студира социологија, по што го сретнала нејзиниот иден сопруг.