Aida Cako
27 Октомври 2025•Ажурирај: 28 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) – Илјадници луѓе облечени како зомби вчера парадираа низ улиците на Ла Пас, Боливија, во чест на претстојната прослава на Ноќта на вештерките (Halloween), јавува Анадолу.
Учесниците носeа креативни и страшни костими, а центарот на градот се претвори во сцена на годишната „Зомби парада“, настан што се одржува во повеќе боливиски градови со цел да се промовира празникот.
Некои од маскираните учесници носeа плакати со натписи, а други играа традиционални боливиски танци, меѓу кои и познатиот „Диаблада“, спојувајќи ја локалната култура со темите на Ноќта на вештерките.