Sayed Khodaiberdi Sadat
02 Јануари 2021•Ажурирај: 05 Јануари 2021
КАБУЛ
Новинарот Бисмилах Адил Аимак, кој е директор на радио-станица во авганистанската покраина Гор, загина во оружен напад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Полицискиот началник во Гор, Ник Мухамед Никзад, во изјава за медиумите истакна дека Аимак бил изложен на оружен напад на неидентификувани лица во градот Фирозкох во Гор.
Никзад информира дека Аимак загина воовој напад, а напаѓачите се во бегство.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Центарот на новинарите во Авганистан соопшти дека во изминатите две децении во Авганистан се убиени најмалку 119 домашни и странски новинари.
Само во изминатите два месеци во Авганистан се убиени шест новинари.
Авганистанските власти за нападите ги обвинуваат талибанските милитанти кои претходно негираа поврзаност со атентатите врз новинарите.
Авганистан е упориште на длабока повеќедецениска политичка и безбедносна криза која се одразува во борбата за превласт помеѓу талибанското движење и владините сили.
Постојана безбедносна закана претставува и терористичката организација ДЕАШ која, по поразите во Ирак и Сирија, значително ги интензивираше активностите на тлото на Авганистан.
Нападите во Авганистан не престануваат ниту по мировните преговори кои делегациите на талибанските бунтовници и авганистанската влада ги почнаа кон средината на септември во Доха.