Sayed Khodaiberdi Sadat
02 Август 2020•Ажурирај: 03 Август 2020
КАБУЛ
Во провинцијата Нангахар на истокот на Авганистан убиен е Асадулах Оракзаи, шефот на разузнавачите на терористичката организација ДЕАШ во Хорасан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Управата за национална безбедност на Авганистан се наведува дека Оракзаи е убиен во операцијата на авганистанските сили.
Се наведува дека се работи за човек кој учествувал во изведување на бројни крвави напади во Авганистан.
Од Управата за национална безбесност на Авганистан порачаа дека ќе продолжат со слични операции против терористичките организации.