Sayed Khodaberdi Sadat
01 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
МЕЗАР-И ШЕРИФ (AA) - Деветмина талибанци се предадоа оставајќи го своето оружје на безбедносните сили во покраината Џузџан, во северниот дел на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на Џузџан, Мевлеви Љутвула Азизи, истакна дека девет милитанти по своја волја ги предале оружјето на безбедносните сили.
Азизи нагласи дека се обидуваат да овозможат работа за овие лица и додаде дека предавањето на талибанците е од особено значање за безбедноста во регионот.
Претседателот на Врховниот мировен совет во Џузџан, Мухамед Екрем, истакна дека од започнувањето на активностите на Врховниот мировен совет досега се предале 862 припадници на оваа организација.
Според соопштеното, се овозможува финансиска поддршка и поддршка за вработување за милитантите кои го положуваат оружјето во рамките на Мировната програма која ја води Советот.