Sayed Khodaberdi Sadat
25 Јануари 2019•Ажурирај: 26 Јануари 2019
КАБУЛ (АА) - Безбедносните сили на Авганистан извршија рација во училиштата на терористичката организација ФЕТО, и тоа во машката и женската гимназија во градот Мазар-и-Шариф и женската гимназија во Херат, при што ја презедоа контролата на овие училишта, јавува Anadolu Agency (AA).
И покрај обидот за попречување од страна на учениците поттикнати од членовите на ФЕТО, безбедносните сили со судска одлука реализираа операција во училиштата и ги започнаа процедурите за пренос на сопственоста.
Авганистанските власти истакнаа дека управувањето на трите училишта наскоро ќе биде предадено на турската Фондација „Маариф“.
Исто така, 6 од 12-те училишта на ФЕТО што се наоѓаат во главниот град на Авганистан, Кабул, и во Херат, Мазар-и-Шариф, Кандахар и Нангархар, исто така, ќе бидат префрлени на турската Фондација „Маариф“.
Министерствата за образование на двете земји на 26 февруари 2018 година потпишаа договор за трансфер на училиштата на ФЕТО.