Abdullah Aşıran
25 Јануари 2019•Ажурирај: 26 Јануари 2019
ХАГ (АА) – Стотици фоторепортери „фриленсери“ во Холандија започнаа штрајк, барајќи зголемување на плаќањата за фотографиите и задачите што ги добиваат, јавува Anadolu Agency (AA).
Речиси 500 фоторепортери „фриленсери“ започнаа штрајк на национално ниво, по повикот на Фондацијата на холандски фотографи (NVF).
Околу 200 фоторепортери „фриленсери“ се собраа пред зградата на Холандската национална новинска агенција (ANP) во Хаг и протестираа со транспаренти на коишто пишуваше „Фоторепортерството има своја вредност“.
Во говорите на протестите беше наведено дека моменталните плаќања треба да се зголемат за 14 отсто. Исто така, беше нагласено дека денес нема да пратат фотографии во ниту еден медиум или агенција.
Холандските фоторепортери, на генералниот директор на Холандската национална новинска агенција (ANP), Мартин Бенис, кој им се придружи подоцна, му подарија транспарент со пораката: „Медиумските организации и работодавците нè плаќаат многу малку. Затоа протестираме, ваков протест не е виден во Европа и Холандија. Мораме, бидејќи квалитетот си има своја цена. Фоторепортерството има своја вредност“.
На транспарентот беа напишани и имињата на голем број холандски фоторепортери.
Фондацијата на холандски фотографи (NVF) најави различни протести до 1 февруари.