Said İbicioğlu
12 Јули 2016•Ажурирај: 13 Јули 2016
ТРИПОЛИ (АА) - Претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија (UMH) во Триполи, во зградата на Владата го одржа својот прв состанок, јавува Anadolu Agencu (AA).
Состанокот на Претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија, со кој раководеше премиерот Фаез ал-Сараџ, траеше до доцните вечерни часови со учество на министри и членови на Советот.
Претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија во месец март даде соопштение во кое се вели: „За започнување со работа на Владата на национално единство на Либија во Триполи, потребно е да се создадат безбедносни услови. Го информираме либискиот народ и меѓународната заедница дека започнавме да се префрлуваме во Триполи, со цел Претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија да започне со својата должност. Голем дел од земјата му даде поддршка на Претседателскиот совет, кој има желба на мирен начин, заштитувајќи ги животите на луѓето, да започне со својата работа во Триполи“.
Премиерот, воедно и претседател на Претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија, Фаез ал-Сараџ и членовите на Претседателскиот совет, преку Тунис, по морски пат дојдоа во Триполи, главниот град на Либија.