Ekipa
31 Август 2022•Ажурирај: 01 Септември 2022
ЛОНДОН (АА) - Синдикатот за транспорт во Велика Британија денеска објави дека вработените, поради платите и условите за работа, во девет железнички компании ќе одржат 24-часовен штрајк со почеток на 26 септември напладне, јавува Агенција Анадолија (АА).
Здружението на вработените во транспортот (TSSA) соопшти дека се преговара со „Нетворк реил“, која е сопственик на британската железничка инфраструктура, за да не дојде до штрајк.
Генералниот секретар на ТССА, Мануел Кортес, верува дека поради британскиот министер за транспорт, Грант Шапс, железничките компании ДфТ (Одделот за транспорт) не дале значајна понуда.
„Искрено зборувајќи, тој треба или да седне на преговарачка маса со нашиот синдикат или да се тргне настрана и да ги остави шефовите на железницата слободно да преговараат со нас, како што правеа во минатото“, рече Кортес.
Претходно, во текот на летото Синдикатот на работниците во железницата, поморството и транспортот го одржа најголемиот штрајк во последните 30 години. Во штрајкот учествуваше и ТССА.