Gamze Türkoğlu Oğuz
22 Јануари 2019•Ажурирај: 22 Јануари 2019
АНКАРА (АА) – Велика Британија го намалува бројот на воените авиони во Ирак и Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на британскиот весник „Дејли мејл“ (Daily Mail), врз основа на изјавите на воените власти, 8-те борбени авиони од типот „RAF Typhoon“ на британските Кралски воздухопловни сили следниот месец ќе бидат повлечени од Ирак и Сирија.
Во веста се вели дека 6-те борбени авиони од типот „RAF Typhoon“ и 10-те беспилотни летала од типот „Reaper“ ќе останат на Блискиот Исток.
Според висок претставник на војската, повлекувањето на воените авиони од регионот нема да ја ослаби одлучноста во мисиите водени против режимот што се наоѓа во незавидна ситуација.
Привлече внимание тоа што Велика Британија овој чекор го презеде кратко време откако Соединетите Американски Држави (САД) донесоа одлука да се повлечат од Сирија.
Американскиот претседател Доналд Трамп, во своите објави од 19 и 20 декември 2018 година, истакна дека САД ја завршиле борбата против ДЕАШ, која била единствената причина за нивното присуство во Сирија.
Трамп нагласи дека е време американските сили да се вратат дома, но според него, како резултат на предлозите на безбедносните власти на САД, потребно е бавно и безбедно повлекување на трупите.