Selen Temizer
22 Јануари 2019•Ажурирај: 22 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Абдулхеким Бешар, еден од курдските лидери на сириската опозиција, истакна дека по ДЕАШ, најголемата опасност што ги очекува Курдите е ЈПГ/ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Абдулхеким Бешар, кој го преставува Курдскиот национален совет на Сирија (ENKS) во Националната коалиција на опозициски и револуционерни сили на Сирија (SMDK), во изјава за „TRT World“ рече дека во периодот кога живеел во своето родно место Камишли, ЈПГ/ПКК донела одлука за да го убијат.
Бешар нагласи дека еден локален функционер во Камишли му кажал дека ако не ја напушти областа, за два дена ќе биде убиен од страна на ЈПГ/ПКК. „ПЈД не се ни Курди, ниту пак Сиријци. Тие немаат агенда за Сирија или за Курдите“, рече тој.
„Тие нанесоа поголема штета на Курдите отколку режимот на Асад. ПЈД предизвика поделеност меѓу Арапите и Курдите“, рече Бешар.
Тој рече дека се надева оти САД ќе направат разлика помеѓу ПЈД и Курдите. „Турција има силна и стабилна позиција во однос на правата на сирискиот народ“, додаде тој.
„По ДЕАШ, најголемата опасност што ги очекува Курдите е ЈПГ/ПКК“, рече Бешар, наведувајќи дека Турција прави разлика меѓу Курдите и ЈПГ/ПКК.
ЈПГ/ПКК окупираше околу една третина од Сирија. Во подрачјата окупирани од страна на оваа организација живеат Арапи, кои се мнозинство. Организацијата насилно ги регрутира младите луѓе, додека од друга страна ги приведува опозициските елементи и малцинствата кои се спротивставуваат.
Оваа терористичка организација во арапските територии во кои се наоѓа, откако ги запленува домовите на цивилите, ги раселува или ги остава да живеат во нехумани услови.