Ahmet Emin Dönmez
24 Јули 2024•Ажурирај: 25 Јули 2024
ЈАУНДЕ (АА) – Најмалку 35 цивили се убиени во напад на бунтовниците во источниот дел на Демократска Република Конго, известува Анадолу.
Припадниците на бунтовничката група наречена Алијанса на демократски сили (AДС) извршија вооружен напад врз цивили во селото Омбеле во регионот Луберо во Северен Киву.
Локалните медиуми објавија дека во нападот се убиени најмалку 35 цивили.
Војниците на AДС ги ограбувале куќите и потоа го напуштиле подрачјето, при што зеле голем број цивили како заложници.
Бунтовничките групи што дејствуваат во регионот често киднапираат луѓе и бараат откуп.
AДС е активна во Уганда и ДР Конго од доцните деведесетти години, а формирана е со обединување на поранешни членови од неколку бунтовнички групи.