Alaattin Doğru
05 Јули 2019•Ажурирај: 07 Јули 2019
ДАКАР (АА) - Епидемијата на ебола која во Демократска Република Конго зеде замав кон крајот на јули минатата година, досега одзеде 1.504 животи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците што ги сподели Министерството за здравство на Демократска Република Конго, епидемијата што започна во провинцијата Северен Киву и се прошири и на територијата на Итури, забележани се 2.369 случаи на крварења со температура. Откриено е дека од нив, 2.275 лица го носат вирусот на ебола.
Епидемијата одзеде 1.504 животи, а 655 лица се излекуваа. Во центарот за ебола продолжува лекувањето на 116 лица.
Регистрирани се и 94 случаи на смрт, кај кои имало крварење и температура, но за нив не е со точност утврдено дека смртта настапила поради вирусот ебола.
На 8 август 2018 година во регионот започна кампања во која се вакцинирани 149.349 лица.
Вирусот ебола предизвикува еден вид температура со крварење, а за првпат е забележана во 1976 година во местото Нзара во Судан и во градот Јамбуку во Конго. Бидејќи епидемијата во Конго започна во селото кое е во близина на реката Ебола, болеста го доби името по оваа река.
Вирусот ебола, во декември 2013 година се прошири и во западноафриканските земји. Забележано е дека во периодот 2014 - 2017 година, епидемијата се проширила и во земјите Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, каде што од овој вирус се заразиле 30.000 лица, а повеќе од 11.000 ги загубија животите.