Alaattin Doğru
30 Ноември 2018•Ажурирај: 01 Декември 2018
ДАКАР (АА) - Најмалку 198 лица починаа од последиците на смртоносниот вирус ебола во Демократската Република Конго, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Министерството за здравство на Конго, од јули досега починале 198, а оздравеле 126 заразени лица.
На 8 август започна кампањата за превенции од ебола и досега се вакцинирани 37.559 лица.
Деветтата епидемија во североисточната провинција Екватер во Конго е прогласена во мај. Смртоносната болест за време на епидемијата, за првпат се прошири на просторот на Мбандака, главниот град на Конго, кој има 1,2 милиони жители.
Експертите тврдат дека брзиот меѓународен одговор и вакцинацијата на жителите биле клучен фактор за сузбивање на ширењето на болеста. На тоа подрачје од август досега се вакцинирани 30.072 лица.
Болеста ебола во Конго за првпат се појави во 1976 година. Во епидемијата што траеше од 2014 до 2017 во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, беа заразени околу 30.000 лица, а починаа повеќе од 11.000.