Mahmut Atanur
30 Ноември 2018•Ажурирај: 30 Ноември 2018
ЏАКАРТА (АА) - Од еден затвор во Индонезија избегаа 113 затвореници, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми наведуваат дека од затворот во Ачех, во кој казна отслужувале 726 лица, избегале 113 затвореници.
Тие го искористиле метежот што настанал во затворот. Во акцијата што веднаш беше започната, фатени се 20 затвореници и вратени се во затвор. Сѐ уште се трага по останатите.
Засега не се знае што го предизвикало метежот во затворот. Во тек е истрага за овој настан.