Seyit Aydoğan
30 Ноември 2018•Ажурирај: 30 Ноември 2018
ТОРОНТО (АА) – Владата на Канада воведе санкции против 17 државјани на Саудиска Арабија кои се поврзуваат со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефицата на дипломатијата на Канада, Криистиа Фриланд во соопштението наведе дека Владата на нејзината земја донела одлука за воведување санкции против 17 саудиски државјани кои се доведуваат во врска со убиството на новинарот.
Истакна дека на овие лица ќе им биде замрзнат целиот имот во Канада и дека нема да може да влезе во оваа земја.
Додаде и дека Канада очекува истрагата за убиството на Кашоги да биде потполно транспарентна и прецизна.
„Изјавите ко до денес стигнуваа од Саудиска Арабија не беа доследни и веродостојни. Канада е решителна да ја продолжи поддршката на приврзаниците на човековите права, а ќе продолжи да ја поддржува и слободата на медиумите на глобално ниво”, рече Фриланд.
На крајот истакна дека убиството на Кашоги претставува и напад врз слободата на изразување на сите луѓе, напоменувајќи дека одговорните за убиството мора да бидат изнесени пред лицето на правдата.
Кашоги, новинар и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ убиен е на 2 октомври во зградата на саудискиот Конзулат во Истанбул. Турското обвинителство откри дека Кашоги е задавен веднаш по влегувањето во Конзулатот, а дека неговото тело е исечено на парчиња и уништено.
Властите на Саудиска Арабија потоа признаа дека Кашоги е убиен, а не дека го напуштил Конзулатот, како што првично тврдеа. Истрагата за случајот и понатаму е во тек, со акцент на потрагата по посмртните останки на Кашоги.