Umur Koçak Semiz
15 Мај 2017•Ажурирај: 16 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 17 лица загинаа во судирот меѓу чуварите и затворениците за време на бунт во затвор во Папуа Нова Гвинеја, јавува Anadolu Agency (AA).
Локални извори јавуваат дека група затвореници се обиделе да избегаат од затворот „Буимо“ во градот Лае, а стражарите го спречиле бегството користејќи огнено оружје.
Во престрелките загинаа најмалку 17, а тројца затвореници се повредени.
За време на конфликтот меѓу двете страни, најмалку 57 затвореници успеале да избегаат од затворот.
Во тек е полициска потера по бегалците, а јавноста е предупредена дека се работи за лица обвинети за најтешки кривични дела и оти се опасни за граѓаните.
Лошите инфраструктурни услови и пренатрупаноста на затворите во Папуа Нова Гвинеја се причина за честите судири меѓу затворениците и чуварите.
Во затворот „Буимо“ и минатата година се случи сличен инцидент во кој загинаа најмалку 11 затвореници, а на слобода избегаа 70.