Ihvan Radoykov
10 Февруари 2021•Ажурирај: 10 Февруари 2021
СОФИЈА
Бугарската Влада ќе обезбеди вкупно 2 милиони евра финансиска поддршка за следната академска година за три православни и три исламски училишта во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот Бојко Борисов, на владината седница на која е донесена одлуката за финансирање, истакна дека институциите што обучуваат млади духовни лидери на земјата имаат посебно значење.
„Верските училишта ја прифаќаат доктрината за мир, а не за војна. Тие заслужуваат максимална поддршка од државата. Ова финансирање не е само обичен гест во рутинската наставна програма, туку инвестиција за развој на етничката толеранција, а исто така и поддршка за религиите да се познаваат и толерираат едни со други“, нагласи премиерот Борисов.
Министерот за образование, Красимир Вилчев, рече дека поддршката за верските училишта е „значително зголемена“ во споредба со претходните години.
Наведувајќи дека платите на наставниците во верските училишта ќе бидат еднакви на оние на секуларните училишта, министерот Вилчев рече дека платите на наставниците кои работат во верски училишта отсега ќе ги исплаќа државата.
Меѓу другото, Вилчев истакна дека верските училишта се исто така важни за целиот национален образовен систем.