свет

Бројот на загинати од уривањето на зградата во Иран се зголеми на 22

- Повеќе од 150 луѓе биле во комерцијалната зграда „Абадан метропол“ на прометната улица „Амири“ кога се урнала.

Ahmet Dursun  | 27.05.2022 - Обновена : 29.05.2022
Бројот на загинати од уривањето на зградата во Иран се зголеми на 22

АНКАРА (АА) - Бројот на загинати од уривањето на зградата во југозападната иранска провинција Кузестан се зголеми на 22, додека 48 лица беа спасени од урнатините, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Ихсан Абасипур, гувернер на градот Абадан, за Иранската државна телевизија изјави дека бројот на повредени лица во уривањето на 10-катниот деловен центар во изградба изнесува 37.

Во тек се напори за спасување на оние кои сѐ уште се затрупани под зградата што се урна во понеделникот во градот Абадан, според локален претставник на Црвената полумесечина.

Се вели дека повеќе од 150 луѓе биле во комерцијалната зграда „Абадан метропол“ на прометната улица „Амири“ кога се урнала.

Мохамед-Хасан Нами, претседател на Организацијата за управување со кризи, во вторникот за медиумите изјави дека ги евакуираат сите блиски згради кои се изложени на ризик од уривање, додека спасувачките тимови се обидуваат да влезат во подрумот преку тунелите ископани околу урнатата зграда.

Во меѓувреме, бројот на приведени во текот на истрагата за инцидентот изнесува 11, соопшти провинциското Јавно обвинителство.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.