Ahmet Furkan Mercan
06 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
ТОКИО (АА) - Бројот на лица што загинаа во поплавите предизвикани од поројните врнежи од дожд во југозападна Јапонија се искачи на 44, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на националните медиуми, во префектурата Кумамото, како резултат на поплавите предизвикани од прелевањето на реката Кума, по обилните дождови урнати се мостови.
Како резултат на поплавите илјадници куќи се урнати, а патиштата уништени.
Во повеќе од 80 центри за евакуација во регионот се сместени 1500 лица. Четири илјади домаќинства немаат електрична енергија, а над 80 училишта се привремено затворени.
Во погоденото подрачје испратени се 10.000 припадници на Јапонската копнена самоодбрана (GSDF) како дел од барањето на префектурата за помош од централната власт.
Во оваа област распоредени се и 450 спасувачи и 120 полицајци од Агенцијата за управување со пожари и катастрофи.
Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) исто така издаде предупредување за обилни врнежи од дожд во префектурите Фукуока, Сага и Нагасаки, во северниот дел на островот Кјушу.