Nour Mahd Ali Abu Aisha,Çağrı Koşak
06 Јули 2020•Ажурирај: 09 Јули 2020
ГАЗА (АА) - Палестинските жени во Појасот Газа, кој е под израелска блокада, одржаа протест против израелскиот план за анектирање на одредени делови на Западниот Брег, како и на Јорданската Долина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Протестот беше одржан од страна на Сојузот на палестински жени, во чии рамки жените се собраа пред граничниот премин „Бејт Ханун“ (Ерез) меѓу Газа и Израел.
Палестинките носеа знамиња, постери и транспаренти, извикувајќи пароли против планот за анексија, и упатија апел до Палестинците за обединување.
Надије Ебу Нахле, претставничка на „Сојузот на комитети на палестинските жени“ во Газа, во изјава за новинарот на АА истакна дека целта на протестот е да се спротивстават на таканаречениот Договор на векот и на планот на Соединетите Американски Држави (АА) во врска со Палестина“.
„Денес истакнуваме дека нема да ја дозволиме ниту окупацијата на Палестина ниту палестинската анексија, ниту пак, ќе дозволиме да се загрозуваат легитимните права на Палестинците“, рече таа.
Нахле нагласи дека Палестинците нема да се откажат од ниту еден дел од своите територии, и дека треба да се стави крај на изградбата на еврејските населби и на окупацијата.