Islam Doğru
06 Јули 2020•Ажурирај: 07 Јули 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 279 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 132.610 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 49.007 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 2.985.897.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 279 лицa со што вкупната бројка на починати се искачи на 132.610.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 1.604.585 откриени случаи, Русија со 704.607 откриен случај, и Индија со 687.862 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Калифорнија и Тексас.
Во Њујорк откриени се 422.268 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 32.248 лица.
Во САД досега се направени над 37 милиони и 698 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус достигна речиси 1 милион и 290 илјади.