Nour Mahd Ali Abu Aisha,Ekrem Biçeroğlu
20 Мај 2021•Ажурирај: 21 Мај 2021
ГАЗА
Бројот на загинати во нападите на Израел во Појасот Газа се зголеми на 230 лица, меѓу кои 65 деца, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Израелската војска продолжува од копно и од воздух да врши напади во Газа која е под блокада и каде што живеат над 2 милиони луѓе.
Според палестинското Министерство за здравство, бројот на загинати во израелските напади се искачи на 230 лица, од кои 65 деца и 39 жени.
Се истакнува дека како резултат на нападите на Израел досега се повредени 1.710 лица.
Во соопштението се наведува дека меѓу загинатите се наоѓаат и 17 стари лица.