Sayed Khodaberdi Sadat
11 Септември 2018•Ажурирај: 12 Септември 2018
КАБУЛ (АА) - Во авганистанската провинција Нангархар, на истокот од земјата, изведен е самоубиствен напад во кој бројот на загинати се искачи на 32 лица, а 128 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Гувернерството Нангархар, Атаулах Хогјани, за АА изјави дека во подрачјето Дехкаи, во провинцијата Нангархар, меѓу луѓето кои протестирале против Владата, едно лице го активирало експлозивот што го носело на себе.
Хогјани информираше дека во експлозијата загинале 32 лица, а 128 се ранети.
Тој информираше дека на протестот мештаните протестирале против Владата, жалејќи се на тиранијата од страна на командантите заштитници. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.