Elena Teslova
11 Септември 2018•Ажурирај: 12 Септември 2018
МОСКВА (АА) - Од руското Министерство за одбрана денес соопштија дека започнала најголемата руска пост-советска воена вежба „Восток-2018“, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Воената вежба ќе се одржи во далекиот исток на Русија и Тихиот Океан, во периодот од 11 до 17 септември“, се вели во соопштението на Министерството.
„Во вежбата ќе учествуваат 300.000 војници од источните и централните воени подрачја, северната морнарица и воздухопловните сили“, се вели во соопштението.
Некои единици на кинеската и монголската Армија се очекува да се вклучат во маневрите во неколку фази.
Во вежбата ќе учествуваат повеќе од 1.000 авиони, хеликоптери и беспилотни летала, речиси 36.000 тенкови и други оклопни возила, како и 80 бродови и логистички пловни објекти.
Министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, лично ќе го контролира текот на воената вежба.
Според соопштението на Министерството, главна цел на вежбата ќе биде да се испита компетентноста на воените команданти во планирањето, прегрупирањето на силите и организирањето интеракции со употреба на оружје за различни намени.
„Восток-2018“ е најголемата воена вежба во последните 37 години, а може да се спореди само со советската вежба „Запад-1981“, која се одржа на западните советски граници, а се прошири на Балтичкиот Регион.