Sarp Özer
18 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Вооружените сили на Република Турција започнаа голема воена вежба во пограничното подрачје Силопи, каде што се наоѓа тромеѓето помеѓу Турција, Ирак и Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека воената вежба трае во регионот на Силопи - Хабур, и дека паралелно со тоа траат и започнатите операции на борбата против тероризмот во областа Ширнак и во други погранични области во југоисточниот дел на Турција.