Sarp Özer
17 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Турските воздушни сили извршија напад на засолништа на терористичкаа организација ПКК на периферијата од југоисточната област Хакќари и притоа неутрализираа најмалку тројца терористи кои подготвувале терористички напад на касарните на турската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека се откриени нови засолништа на ПКК на периферијата на подрачјето на Чукурџа, и дека воздушните сили извршиле напад со кој се спречени терористички напади на касарната на турската војска во тој регион.
Паралелно, најмалку четворица припадници на терористичката организација ПКК побегнаа од камповите на таа организација во северниот дел на Ирак и се предадоа на турските безбедносни сили во пограничното подрачје Силопи.
Терористичката организација ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ. Покрај Турција, ПКК делува и во северниот дел на Ирак и Сирија, каде дејствува огранокот на ПКК, ПЈД/ЈПГ.