Yunus İçen
17 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Откако туристички минибус се преврте во провалија во местото Кумлуџа, во турската област Анталија, загинаа пет а повредени се 26 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Минибус на приватна туристичка компанија која туристите од Манавга ги пренесуваше на тура со брод во Адрасан, се преврте во провалија длабока 25 метри.
По несреќата, Канцеларијата за вонредни состојби при турската влада (AFAD), пожарникарите, жандармериските тимови и екипите за итна помош започнаа акција за спасување.
На местото на несреќата загинаа две лица, а 29 лица се повредени.
И покрај напорите на лекарите три повредени лица починаа во околните болници. Едно повредено лице сѐ уште е во тешка состојба.