Zehra Ulucak
11 Септември 2018•Ажурирај: 12 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Во местото Каесонг, во близина на границата меѓу Северна и Јужна Кореја, в петок ќе биде отворена заедничка канцеларија за врски, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Јонхап“ (Yonhap), повикувајќи се на неименуван јужнокорејски официјален претставник, објави дека в петок ќе биде отворена заедничка канцеларија за врски во местото Каесонг, на границата со Северна Кореја.
Официјалниот претставник потврди дека заедничката канцеларија за врски ќе биде пуштена во функција пред Самитот кој е планиран од 18 до 20 септември во Пјонгјанг, а на кој ќе учествуваат претседателите на двете земји, Мун Џае Ин и Ким Џонг Ун.
На свеченото отворање на канцеларијата планирано е да присуствуваат по 50 до 100 официјални претставници од двете земји.
Планот е оваа канцеларија за врски да ја подобри комуникацијата меѓу двете земји.
Претседателот на Јужна Кореја, Мун, и севернокорејскиот лидер Ким, на 27 април се состанаа во Панмунџом, во близина на границата на двете земји. Така е постигнат договор да започнат преговори за да се постигне траен мировен договор и потполна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
Мун и Ким се состанаа и на 26 мај, и разговараа за мировниот процес меѓу двете земји.
Самитот, кој е планиран за 18 септември, ќе биде трета тет-а-тет средба на двајцата лидери.