свет

Бројот на загинати во експлозијата во Кабул се искачи на 8

Портпаролот на авганистанското Министерство за јавно здравство, Вахидулах Мајар напиша дека 33 лица биле повредени, а осум загинале во експлозијата што се случи на Универзитетот во главниот авганистански град, Кабул

Zehra Ulucak  | 19.07.2019 - Обновена : 20.07.2019
Бројот на загинати во експлозијата во Кабул се искачи на 8

АНКАРА (АА) - Бројката на загинати лица од експлозијата во близина на Универзитетот во Кабул се искачи на осум, пренесува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на авганистанското Министерство за јавно здравство, Вахидулах Мајар, на социјалната мрежа Твитер напиша дека 33 лица биле повредени, а осум загинале во експлозијата што се случи на Универзитетот во главниот авганистански град, Кабул.

„Повредените лица се наоѓаат на лекување“, додаде Мајар.

До експлозијата дошло додека група студенти чекале пред кампусот за да влезат на полагање испит.

Две возила се запалиле по експлозијата.

Сè уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın