Gülşen Topçu
12 Ноември 2025•Ажурирај: 13 Ноември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на жртви од нападите на израелската Армија врз Појасот Газа, што започнаа во октомври 2023 година, се зголеми на 69.185, известува Анадолу.
Министерството за здравство на Газа ги објави најновите информации за убиените Палестинци во израелските напади.
Во соопштението се наведува дека три тела се извлечени од урнатините во последните 24 часа, а четири повредени лица се однесени во болница.
Откако стапи во сила прекинот на огнот, Израел уби 245 Палестинци, повреди 627, а 532 тела се извлечени од урнатините.
Бројот на жртви од израелските напади од октомври 2023 година се зголеми на 69.185, а бројот на повредени достигна 170.698.
И покрај прекинот на огнот во Појасот Газа, израелската Армија често ги напаѓа Палестинците под разни обвинувања.