Ahmet Gürhan Kartal
02 Мај 2019•Ажурирај: 05 Мај 2019
ЛОНДОН (АА) - Британскиот секретар за одбрана е разрешен од функцијата денес поради протекувањето информации во врска со договорот поврзан со кинескиот производител на мобилни телефони „Хуавеи“ (Huawei) соопштија од британската Влада, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Премиерката вечерва побара од Гавин Вилијамсон да ја напушти владата, поради губењето доверба во неговата способност да служи на функцијата секретар за одбрана и како член на нејзиниот кабинет“, се вели во соопштението.
Во него се истакнува дека „одлуката е базирана на информации од неговото однесување околу истрагата за околностите на неовластеното откривање информации од состанокот на Националниот совет за безбедност“.
Одлуката на Меј дојде по извештаите дека Вилијамсон е одговорен за протекувањето информации од состанокот на Советот за национална безбедност за „Хуавеи“.
Станува збор за информации кои се однесуваат на плановите за пружање ограничен пристап на компанијата „Хуавеи“ околу помошта за израдба на 5G мрежата во Велика Британија.
„Премиерката им се заблагодарува на сите членови на Националниот совет за безбедност за нивната целосна соработка и непристрасноста за време на истрагата, и смета дека тоа прашање е затворено“, се додава во соопштението.
Даунинг Стрит објави дека по разрешувањето на Вилијамсон, за министер за одбрана е назначена Пени Мордаунт, секретар за меѓународен развој.
Вилијамсон во 2017 година дојде на местото на сер Мајкл Фалон.