Ekipa
02 Мај 2019•Ажурирај: 03 Мај 2019
ДОХА (АА) - Министерот за надворешни работи на Катар, Мохамед бин Абдурахман Ал Тани, ги повика Иран и Соединетите Американски Држави (САД) да започнат дијалог за да најдат одржливи решенија за нивните проблеми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ал Тани, на крајот од 16. Состанок на министрите за надворешни работи на Дијалогот за соработка во Азија, одржан во Доха, главниот град на Катар, рече дека регионот повеќе не ќе може да ја издржи оваа криза.
Ал Тани, истакнувајќи дека одлуките за санкции донесени еднострано нема да дадат позитивни резултати во решавањето на кризата помеѓу Иран и САД, упати повик до двете страни да започнат дијалог за да се најдат одржливи решенија за нивните меѓусебни проблеми.
Осврнувајќи се на фактот дека Заливската криза претставува пречка во соработката на регионално ниво, Ал Тани истакна дека Катар е подготвен за дијалог со сите страни.
Во изјавата од Белата куќа дадена на 22 април, беше нагласено дека за 8-те земји кои беа ослободени од иранските нафтени санкции, ослободувањето повеќе нема да биде на сила.