Safvan Allahverdi
02 Мај 2019•Ажурирај: 03 Мај 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео, во рамки на билатералните односи и регионалните интереси ќе реализира посета на неколку европски земји, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Морган Ортагус, објави соопштение во врска со европската турнеја на Помпео.
Ортагус информираше дека Помпео најпрвин на 6 мај ќе допатува во Финска каде што ќе учествува на 11. Министерски состанок на Арктичкиот совет, а потоа ќе замине за Германија каде што ќе се состане со германската канцеларка Ангела Меркел и со германскиот министер за надворешни работи, Хеико Маас.
Во соопштението се наведува дека средбата меѓу Помпео и Меркел ќе се реализира на 7 мај, а на неа ќе се разговара за заедничката загриженост во врска со Украина, Русија, Кина, Сирија и Западен Балкан.
Се вели дека Помпео на 8 мај ќе допатува во Лондон каде што ќе има средба со британската премиерка Тереза Меј и британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, со кои ќе разговара за глобалните приоритети и билатералните односи.
Според соопштението, на последниот ден на европската турнеја, односно на 9 мај, тој ќе замине на Гренланд, каде што ќе се сретне со премиерот на Гренланд, Ким Киелсен, министерката за надворешни работи на Гренланд, Ане Лоун Багер и министерот за надворешни работи на Данска, Андерс Самуелсен, со кои ќе разговара во врска со заедничките приоритети на Северниот Пол и за поголема соработка со Гренланд.