Aşkın Kıyağan
01 Мај 2019•Ажурирај: 02 Мај 2019
ВИЕНА (АА) - Премиерот на Австрија, Себастијан Курц, реагирајќи на транспарентите со забранети симболи на група поддржувачи на терористичката организација ПКК за време на првомајските активности во Виена рече дека: „Во Австрија не може да има место за терористичката екстремно левичарска идеологија (ПКК)“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Курц, во изјавата дадена преку социјалните медиуми истакна дека терористичката организација (ПКК) се наоѓа на листата на терористички организации на Европската Унија (ЕУ), и дека е одговорна за голем број терористички активности. Тој, исто така, потсети дека симболите кои припаѓаат на оваа организација од месец март во Австрија се забранети.
Курц, истакнувајќи дека не е прифатливо во рамките на прославите за 1 Мај во Виена, организирани од опозициската Социјалдемократска партија на Австрија (SPÖ), поддржувачите на терористичката организација да учествуваат со симболите на организацијата, додаде: „Социјалдемократската партија на Австрија (SPÖ) треба под итно да ги прекине врските со сталинистичките екстремни организации, како што е ПКК. Во Австрија не може да има место за терористичките екстремно левичарски идеологии“.
Со Законот за симболи, кој почна да се применува од 1 март во Австрија, симболот на терористичката организација ПКК е забрането да се користи на јавни места.