Emre Aytekin
01 Мај 2019•Ажурирај: 04 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Пакистан стави организација поврзана со ФЕТО на листата на терористички организации, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Пакистан соопшти дека Меѓународната фондација за образование „Пак-Турк“, поврзана со ФЕТО, е вклучена на листата на терористички организации откако Уставниот суд на Пакистан ги одби жалбите и ја потврди одлуката нејзиниот имот да биде префрлен на турската Фондација „Маариф“.
Министерството, исто така, го објави ажурираниот документ во кој се наведува дека организацијата поврзана со ФЕТО е вклучена на листата на терористички организации од 18 април 2019 година.
Уставниот суд на Пакистан во декември 2018 година ја прогласи ФЕТО за терористичка организација и 28-те училишта поврзани со организацијата ги префрли на турската Фондација „Маариф“.
Турската Фондација „Маариф“, пред јануари, го презеде централниот кампус во Исламабад, а потоа и училиштата во покраината Пенџап, каде што имаше најмногу училишта. Во текот на јануари, турската Фондација „Маариф“ ги презеде и училиштата во покраините Хајбер Пахтунва и Синд, а како последно ги презеде и училиштата во Белуџистан.
Судот во февруари, од процедурални причини, ги отфрли барањата на ФЕТО за враќање на училиштата.