Hasan Yılmaz
28 Ноември 2018•Ажурирај: 29 Ноември 2018
КАСТАМОНУ (АА) - Британскиот новинар Оливер Буртон со велосипед оди во посета на сопругата во Индија, и веќе поминал половина пат.
Новинарот на 6 јуни со авион пристигнал од Лондон во Холандија, а потоа седнал на велосипед и тргнал на далечен пат кон Индија.
Во моментот патува низ Турција во која дошол по рутата преку Германија, Австрија, Италија, Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Албанија и Грција. Репортерот на Anadolu Agency (AA) го сретна 29-годишниот Буртон во местото Ханон, во турската област Кастамону.
Тој во разговор за AA изјави дека во Индија патува за да ја посети сопругата Изабел Буртон, која работи таму од почетокот на минатата година.
До конечната одредница во Индија и прегратките со сопругата Буртон го чекаат уште повеќе од 10.000 километри. Тој се одлучи патот да го продолжи преку Грузија, Азербејџан и Туркменистан, за да ги избегне кризните региони на Авганистан и Пакистан.
„Планот ми е некое време да останам во Индија, а потоа со сопругата да се вратам во Лондон“, изјави Буртон.
Тој изрази благодарност до сите добронамерни и гостопримливи луѓе што ги сретнал по патот.