Ahmet Gürhan Kartal
28 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
ЛОНДОН (АА) - Британскиот суд денес го одби барањето на Анкара за испорачување на три осомничени лица поврзани со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Врховниот суд на Вестминстер се вели дека поранешниот директор на холдингот „Коза“, Хамди Акин Ипек, и двајцата други обвинети - Талип Бујук, кој е обвинет дека бил имам на терористичката група во Ирак, и директорот на „Bank Asya“, Али Челик, нема да бидат испорачани на Турција, но пресудата е отворена за жалба.
Турција има право да поднесе жалба на пресудата на судот во рок од 14 дена.
Ипек беше уапсен во мај по барањето на Турција за негова екстрадиција поради обвиненијата поврзани со обидот за државен удар.
Судот го конфискуваше неговиот пасош и му забрани напуштање на Лондон, но го ослободи со кауција од 50.000 фунти (66.000 долари).
Ипек, обвинет за обид за соборување на турската Влада и кршење на Уставот, може да се соочи со две казни отежнат доживотен затвор.
Тој, исто така, се соочува со можни 132 години затвор за формирање вооружена терористичка група, воена и политичка шпионажа, фалсификување документи и перење пари во Турција.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.