Ali H. M.Abo Rezeg
28 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
ГАЗА (АА) - „Политичкиот шеф на Хамас, Исмаил Ханијех, доби официјална покана за посета на Москва“, се вели во соопштението на Хамас, палестинско движење на отпорот, јавува Anadolu Agency (AA).
Поканата ја пренесе рускиот амбасадор на Палестина, Хаидар Рашид, за време на неговиот состанок со Ханијех во Газа.
„За време на состанокот Ханијех ги пофали напорите на Русија во однос на палестинското прашање“, пишува во соопштението на Хамас.
Рускиот дипломат, од своја страна, рече дека Москва ги извршува сите напори на сите нивоа во поглед на палестинската кауза.
Хамас и Русија имаат формални односи. Неколку делегации од палестинските групи ја посетија Москва пред разговорите со руските официјални претставници.
Минатата недела, високиот член на Хамас, Муса Абу Марзук, за AA изјави дека Ханијех се подготвува за патување во странство, без да даде детали во врска со тоа кои земји лидерот на Хамас ќе ги посети.