Adem Şalvarcıoğlu
28 Ноември 2018•Ажурирај: 29 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Бројот на убиените осомничени лица во операциите реализирани од безбедносните сили во рамки на борбата против наркотици во Филипините достигна до 5.000 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според локалните медиуми врз основа на владините податоци, безбедносните единици во периодот од 1 јули 2016 до 1 октомври 2018 година реализирале 113.570 операции во земјата во рамки на борбата против наркотици.
Во овие операции досега се убиени 4.999 осомничени, додека животот го загубиле над 80 припадници на безбедносните сили.
Во наведениот период, приведени се и 161.584 лица, од кои над 500 се државни службеници, под образложение дека вршеле трговија со наркотици.
Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте, кој на оваа функција дојде на 30 јуни 2016 година, соопшти дека приоритетна е борбата против наркотиците и корупцијата.
Дутерте претходно истакна дека доколку е потребно ќе бидат застрелани осомничените во рамки на борбата против наркотици.
Организациите за човекови права во Филипините, како и на меѓународната сцена, остро ја критикуваат Владата на Дутерте поради ова прашање, и тврдат дека владата врши злосторство против човештвото.